Саутгејт: Англија никогаш не победила против Македонија на домашен терен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот селектор Герет Саутгејт е внимателен пред мечот против Македонија и Малта во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Саутгејт имаше предавање на „лаусунд скул“, каде што беа присутни 11 студенти во улога на новинари и му поставуваа прашања.

„Англија има за цел да биде европски шампион на следното Европско првенство во Германија и затоа сакаме да продолжиме со победите. Сепак, нема да биде лесно, посебно не против Македонија. Можеби е чудно, но Англија на домашен терен никогаш не ја победила Македонија. Тоа е репрезентација која ја елиминираше Италија во баражот за Светското првенство во Катар“, кажа Саутгејт.