Сцена полна со емоции: Расплаканиот Нејмар го бара Меси… 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси конечно дочека да освои трофеј со Аргентина, откако во финалето на Копа Америка со 1-0 славеше против Бразил.

Анхел Ди марија во првиот дел постигна одличен гол против Едерсон и така им ја донесе победата на своите соиграчи.

Ривалството на Аргентина и Бразил е едно од најголемите на свет и секој пораз од противникот боли, а така беше и синоќа.

Нејмар по последниот судиски свиреж се расплака, а наместо утеха да бара кај своите сонародници, тој тргна кон Аргентинците за да го најде Меси.

Кога го забележа Меси, тој веднаш тргна кон него и цврсто го прегрна по што му даде неколку зборови за утеха.

Приказната доби продолжение и во тунелот на „Маракана“, каде што Меси и Нејмар седнаа и разговараа долго време.