Се е договорено: Кагава кариерата ја продолжува во Шпанија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот Шинџи Кагава ова лето се врати во Борусија Дортмунг по полугодишната позајмица во Бешикташ, но сигурно нема да остане во овој клуб.

Германски Билд сега тврди дека 30годишниот играч кариерата ќе ја продолжи во Шпанија и тоа во редовите на Селта од Виго.

Пред неколку дена шпански Диарио АС пишуваше за интересот на Селта за Кагава, а сега Билд тврди дека договор е веќе постигнат.

Кагава го изгуби своето место во првиот тим на Борусија, па минатата сезона запиша само два настапи пред да биде пратен на позајмица во Бешикташ.

Во Истанбил тој импресионираше и забележа четири гола и две асистенции во 14 настапи, па се појавија шпекулации дека Бешикташ би можел да го откупи неговиот договор.

Меѓутоа, тоа не се случи.

Уште порано тој говореше за можност кариерата да ја продолжи во Шпанија, а се чини дека го насетил својот траснфер во Селта.

Сепак, засега не е јасно дали ова е позајмица или се работи за траен трансфер. Јапонецот е под договор со Борусија до наредното лето.

Кагава првпат пристигна во Борусија Дортмунг во 2010. година од Церезо Осака, за две години подоцна германскиот клуб да го продаде на Манчестер Јунајтед за 16 милиони евра. Сепак две години после тоа тој се врати во Дортмунд за дупло помал износ и од тогаш е член на Борусија.