Се огласи еден од најбараните фудбалери во Бундеслигата во чиј ред за неговиот потпис се Јувентус, Ливерпул и Баерн: Јас знам што сакам, тоа е најважно…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога ќе се поведе полемика за најбараните играчи во Бундеслигата, тука секако мора да биде и Каи Хаверц.

Фантастичниот фудбалер на Леверкузен процвета оваа сезона, има само 19 години, а запиша 13 асистенции и седум погодоци на 35 настапи за „Фармацевтите“ во сите натпреварувања оваа сезона.

Тоа не можеше да остане незабележано, па за неговиот потпис се борат бројни европски великани како Јувентус, Ливерпул и Баерн Минхен.

Поради оваа причина се огласи и самиот тој:

„Многу се шпекулира за мене, но мојот договор трае до . година. На лето ќе знаеме повеќе, јас знам што сакам и тоа е најважно засега“, истакна репрезентативецот на Германија кој е проценет 65 милиони евра.