Се огласи и претставник од агенцијата на Лукаку за насловната на „Кориере дело Спорт“

Славниот весник „Кориере дело Спорт“ го навлече гневот на целата спортска јавност со насловната која ја објави во текот на денешниотден.

Весникот објави фотографија од Ромелу Лукаку и Крис Смолинг и под неа напиша „Црн Петок“, нешто што веднаш беше посочено како расистички напад .

„Шокантно, не ми се верува. Тоа е шокантно и длабоко сум разочаран“ -изјави  Мајкл Јормарк, претседател на агенцијата која го застапува и Ромелу Лукаку.