„Сè ова е казна од Бог поради тоа што ѝ го направивте на Русија“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светлана Кокорина доминираше во минатото во светот на гимнастика, па во кариерата освои два златни медали. Освен што беше одлична гимнастичарка, Русинката е позната и по драматичните изјави.

Кокорина овие денови повторно се најде во центар на внимание на светските медиуми поради нејзината изјава по одложување на Олимписките игри (ОИ) во Токио.

Во интервју за руски „Спорт Експрес“, Кокорина кажа дека тоа што се случува со Олимпискиот комитет е казна од Бог поради тоа што Русија претходно доби забрана за учество на меѓународни натпреварувања поради системски допинг.

„Мислам дека ова се случува затоа што тие не требаше да ја навредат Русија, како и нашите спортисти… Со причина во нашата химна се наоѓа дел, кој вели дека Бог ја чува нашата земја“, кажа Кокорина.