Се појави нов тим заинтересиран за Артуро Видал, Чилеанецот продолжува во Премиер лигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Артуро Видал речиси сигурно ќе си оди од редовите на Барселона по крајот на оваа сезона.

За играчот од средниот ред има нескриен интерес од тимот на Интер кој ќе се соочи со сериозна конкуренција во битката за потписот на искусниот фудбалер.

„Мундо Депортиво“ пишува дека за Артуро Видал ова лето сериозно ќе загризе тимот на Њукасл кој сака да го направи фудбалерот прво звучно засилување ов ерата на новиот сопственик од Саудиска Арабија.

Се појавија и шекулации кои го поврзуваа Видал со Манчестер Јунајтед, но мала е веројатноста клубот од „Олд Трафорд“ да тргне по услугите на поранешниот играч на Јувентус и Баерн Минхен.