Себалјос: Сè уште сум дел од Реал Мадрид поради Анчелоти!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себалјос постигна гол против Унион Берлин, а по натпреварот кажа дека е среќен во шпанскиот гигант.

Себалјос кажа дека почнала да му се враќа самодовербата и призна дека сè уште е дел од клубот поради тренерот Карло Анчелоти.

„Ми се враќа самодовербата. Вистина е дека не сум најдобар во моментов, но голот ми помогна. Тимот секогаш веруваше во мене, но исто така добивав поддршка од семејството. Ова беше тежок период за мене со сите повреди. Сè уште сум дел од Реал Мадрид поради Анчелоти, тоа е вистината. Тој знае колку ми беше тешко и секогаш ми даваше поддршка“, вели Себалјос.