Седлоски е нов тренер на Работнички


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Гоце Седлоски денеска го презема Работнички, откако потпиша договор на година ипол и ќе се обиде скопскиот тим да го врати на победнички патеки.

Седлоски досега освои титули во македонската Прва лига со Вардар и Шкупи, па се надева дека со неговиот начин на работа ќе го врати Работнички на тронот.

„Чест ми е што доаѓам во ФК Работнички, клуб со голема традиција и реноме во македонскиот фудбал, поранешен шампион и освојувач на Купот. Би сакал да се заблагодарам на новото раководство на клубот за укажаната доверба, ја сфаќам како сериозна обврска и ќе се вложам максимално за да ги оствариме целите што заедно ги зацртавме. Веруваме дека овој проект на крајот ќе донесе многу радости и трофеи во ФК Работнички. Мојот начин на работа кој носеше титули ќе се потрудам да го наметнам и овде. Ред, работа, дисциплина и верба во сопствените квалитети се принципите што секогаш и секаде ги носам со себе и верувам дека ќе ги воспоставиме и во тимот на Работнички. Има голем потенцијал во овој тим, а верувам дека со уште неколку засилувања ќе изградиме колектив со кој ќе се гордееме“, вели Седлоски.