Седлоски стана тренер на Шкупи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на најтрофејниот македонски тим Вардар, Гоце Седлоски денеска потпиша договор со Шкупи.

Седлоски се враќа во Македонија, откако последниот ангажман го имаше во Динамо Загреб како тренер на Б-тимот.

Бившиот македонски фудбалер го предводеше Вардар во период од 2015 до 2017 година, кога освои две титули во македонскиот шампионат, а сега потпиша едногодишен договор со Шкупи.

Шкупи водеше голема трка со Шкендија за шампионската титула, но екипата од Тетово им избега на чаирчани, па најверојатно ќе го освои трофејот во македонската Прва лига.

„Сакам да се заблагодарам на сите од раководството. Имавме преговори и минатата зима, но тогаш не се договоривме, а сега конечно пронајдовме заеднички јазик“, кажа Седлоски.