Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Жестоко!
Само што заврши натпреварот меѓу Португалија и Хрватска (1:0), во хрватската јавност експресно пронајдоа главен виновник за елиминацијата на својот национален тим!
Селекторот, нормално…
Во локалните медиуми се огласија и некогашни репрезентативци, како Роберт Просинечки, потоа легенгарниот селектор Мирослав Чиро Блажевиќ, како и бројни новинари кои на Чачиќ пред се му замеруваат што, по нивно мислење „задоцнил со измените“. Конкретно, сметаат дека Пјаца требало да влезе порано во игра, а не дури во финишот на мечот, иако баш дури во финишот на мечот, иако после неговото влегување Хрватска капитулираше.
Сите, значи, повторно „играа селектор“ и сите Чачиш ги сослуша, а денеска “без влакно на јазикот“ одговори:
„Португалија во групната фаза од натпреварувањето во три натпревари имаше 25 удари по голот во просек и доминација 60-40 %, а против Хрватска имаа пет удари кон голот.
Се сеќава ли некој кога последен пат Роналдо еднаш шутираше во голот? А вие ми зборувате за тактичка поставување??
Целосно ја неутрализиравме Португалија. Дали требаше порано да ги менувам играчите? Нели екипата го имаше под контрола целиот натпревар, против екипа со најдобар напаѓачки тандем на светот? Можеби воопшто не требаше да менувам. Можеби баш влегувањето на Пјаца беше сигнал да одиме во напад, па примивме гол“, истакна Чачиќ и нагласуваше дека е горд на тоа како неговиот тим синоќа одигра.
Тој потсети дека Хрватска неполна минута пред примениот гол имаше одлична шанса за таа да дојде до водство, како и на фактот дека во осмина финалето ќе биде елиминирана и една Шпанија или Италија.
Тој застана во одбрана на своите играчи и наговести дека Дарио Срна и понатака ќе игра во репрезентацијата на Хрватска.
„Додека сум јас селектор, Дарио Срна нема да се прости од репрезентацијата“, заклучи Чачиќ.