Селекторот на Албанија направи шоу на пресконференцијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Албанија против Романија ја оствари историската прва победа на Европските првенства.

После оваа победа Албанија има шанси да се најде и во четвртфиналето доколку резултатите од останатите групи завршат во нивна корист.

За Албанија најважно е Италија да запише победа против Ирска, а селекторот на оваа селекција, Џани Де Бјази изјави дека ќе го повика Антонио Конте и ќе го замоли да настапи со најдобриот состав.

“Дали ќе го побарам Конте? Секако, дајте ми го бројот да го повикам веднаш. Имаме шанси за вториот круг и се надевам дека Италија ќе ја совлада Ирска и дека другите резултати ќе завршат во наша корист. Се додека имаме шанси ние ќе веруваме”– изјави Де Бјази.