Селекторот на Мароко: Може да кажете дека сум луд, но ќе бидеме светски шампиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Мароко е најпријатното изненадување на Светското првенство (СП) во Катар бидејќи избори полуфинале и ќе се бори против Франција за место во финалето.

Селекторот на Мароко, Валид Реграгуи пред мечот со „триколорите“ кажа дека верува во своите избраници и мисли дека може да ја освојат титулата.

„Играме против актуелните шампиони. Тие ги имаат најдобрите фудбалери и тренер, но веруваме во пласман во финале. Не сме изморени и утре момците ќе го остават срцето на терен. Множе да ме наречете дека сум луд, но сакам да го освоиме Мундијалот. Ја сакам својата земја, подготвени сме да испишеме историја“, кажа селекторот.

Дуелот меѓу Мароко и Франција се игра утре со почеток од 20 часот.