Селекторот на Мароко: Ние сме како Роки Балбоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мароко вчера славеше со 1-0 против Португалија и обезбеди историско полуфинале на Мундијалот во Катар.

Фудбалерите на Мароко станаа први од Африка кои се пласирале меѓу најдобрите четири репрезентации во светот, а селекторот Валид Реграгуи го опиша нивниот успех.

„Луѓето зборуваат за нас како да сме големо чудо. Ние не сме чудо, ние сме Роки Балбоа, го правиме тоа што го знаеме. А знаете дека обичниот народ сака да навива за Роки Балбоа. Пред почетокот на Мундијалот ме прашаа дали може да го освоиме турнирот. Зошто да не? Може да сонуваме…“, вели селекторот.