Сензација на Ролан Гарос: Швјонтек го освои турнирот во Париз!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ига Швјонтек е шампионка на Ролан Гарос, откако во финалето славеше против Софија Кенин за еден час и 25 минути против Софија Кенин со 6-4 и 6-1.

Оваа 19-годишна тенисерка ја освои првата титула во кариерата, а исто така е првата дама од Полска која успеала да освои гренслем-турнир.

Швјонтек, која е 53. тенисерка во светот, за првпат стигна до финале на еден од четирите најголеми турнири. Таа играше импресивно во досегашниот дел од турнирот и не загуби ниту еден сет.

Во финалето беше феноменална, а Кенин успеа да изадржи само до 4-5 во првиот сет, по што тинејџерката буквално ја „здроби“ на теренот.

Девојката од Полска освои седум од последните осум гема на мечот и заслужено го доби мечот и ја освои титулата.