Сериозна караница меѓу Матеус и Салихамиџиќ: На повидок „војна“ во Минхен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот соиграчи од Баерн Минхен се скараа поради коментарот на Матеус за играта на баварскиот гигант во претходниот период и жестоките критики по дуелот со Бохум и поразот од 2-4.

Матеус ги критикуваше Дајот Упамекано и Лукас Ернандез, а потоа реагираше и Хасан Салихамиџиќ, кој застана во одбрана на своите фудбалери.

„Секако дека Лотар мора нешто да каже. Тој е експерт. Не ме интересира што зборува, навистина. Ние цврст стоиме покрај нашите фудбалери и ми е гајле што ќе каже Матеус“, кажа Салихамиџиќ.

Матеус реши да реагира на оваа изјава и кажа дека знае под каков притисок бил Салихамиџиќ зашто тој го создавал тимот.

„Мојата работа како новинар е да ги оценам настапите. Па, Хасан, Нагелсман и Кимих лично потврдија дека Баерн не одигра добар натпревар“, вели Матеус.