Сестрата на Роналдо го исмејуваше ковид-19, а сега заврши во болница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро заврши во болница поради компликации со ковид-19, иако минатата година ја нарече најголема измама.

На Инстаграм објави фотографија од болнички кревет, па потврди дека на 17 јули била позитивна на вирусот и се наоѓа во изолација.

Симптомите се влошиле, па добила воспаление на бели дробови и поради тоа завршила во болница на лекување.

„Верувам дека многу луѓе кои веруваат во оваа пандемија, тестовите и мерките, како мене, гледаат дека е најголема измама која ја имам видено во животот“, кажа Авеиро минатата година.