Сетиен открива: Сè дознав, планот бил направен и пред дебаклот од 2-8 против Баерн Минхен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кике Сетиен даде интервју за шпанските медиуми во кое се наврати на деновите кога ја тренираше Барселона, а ја загуби работата поради дебаклот од 2-8 против Баерн Минхен.

Каталонците загубија летово во четвртфиналето на Лигата на шампиони, а такво нешто не очекуваше никој.

„Тоа е нешто што ќе ви го уништи тимот, со поразот влегувате во историјата на Барселона. Преземам само дел од вината. Еден ден можам да пишувам за тоа, потврдив дека одлуката за моја смена е донесена пред тие 2-8“, вели Сетиен.

Сетиен, исто така, порача дека не е лесно да се управува со ѕвезди како што е Лионел Меси.

„Постојат фудбалери со кои не е лесно да се управува. Меѓу нив е Меси. Мора да имате на ум дека е најдобар во историјата и кој сум јас да го сменам?“, се прашува Сетиен.