Севилја со гол во финишот закажа дуел со Манчестер Јунајтед, Шахтјор моќен против Базел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Севилја славеше минимална победа против Вулверхемптон во денешниот полуфинален натпревар од Лига Европа.

Единствениот гол на средбата падна во финишот кога Лукас Окампос во 88. минута го матираше Руи Патрисио.

Треба да се напомене фактот дека во првиот дел англискиот клуб не успеа да реализира удар од белата точка.

Во полуфиналето шпанскиот претставник ќе се сретне со Манчестер Јунајтед кој вчера со 1:0 славше против Копенхаген.

Шахтјор пак ќе биде противникот на Интер во вториот полуфинален натпревар откако со убедливи 4:1 славеше против Базел.