Шакира „уловена“ со новиот љубовник на вечера (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атрактивната пејачка Шакира пред неколку месеци се раздели со поранешниот партнер и фудбалер, Жерар Пике, кој ја изневери со помлада девојка.

Колумбијката потоа објави неколку песни во кои директно го нападна Пике поради неговото неверство, но очигледно дојде време да го заборави затоа што си пронашла нов љубовник.

Шакира се појави на трката за Големата награда на Шпанија, каде што го следеше настапот на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, а потоа биле и на вечера.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи дека Шакира и Хамилтон се на заедничка вечера со други луѓе.