Шалке со опасна провокација до Дортмунд! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во саботата Шалке успеа да го добие дербито против Борусија Дортмунд и многумина сметаат дека со тоа е решено прашањето за титулата.

Шалке се бори за опстанок, па славеше со 4-2 и така му отвори можност на Баерн Минхен да ја одбрани титулата.

Доколку Баварците го совладаат Хановер, тогаш тие ќе имаат четири бода повеќе на три кола до крајот во однос на второпласираниот Дортмунд и многумина веруваат дека тоа е недостижна предност.

Шалке по вчерашниот пораз реши дополнително да го испровоцира својот ривал, па испрати порака преку социјалните мрежи, која дефинитивно ги налути „милионерите“.

Претходно, Дортмунд преку Твитер профилот му порача на ривалот дека сега тие имаат дури 39 бода помалку од нив.