Шамар за Интер од италијански клуб за италијански репрезентативец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец, Антонио Кандрева е на мета на неколку италијански клубови.

Познато е дека раководството на Интер има намера ова лето да го доведе фудбалерот на Лацио, но раководството на римската екипа нема да се откаже лесно. Дури и Кандрева неколку пати потврди дека контактира со Интер.

Италијанските медиуми денес пренесоја дека Интер официјално испратил понуда од 16 милиони евра плус 2 милиони евра бонус, но Лацио ја одби.

Наводно, раководството на Лацио ќе го пушти Кандрева во Интер само во случај да стигне понуда од 25 милиони евра.