Шампионката на Ролан Гарос ја пречека претседателот, па ја испрати во – карантин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шампионката на Ролан Гарос, Ига Швјонтек соопшти дека ќе биде во карантин по состанокот со претседателот на Полска.

Портпаролот на претседателот на Полска потврди дека првиот човек на државата е позитивен на ковид-19, но дека се чувствува добро и во моментов е во самоизолација.

Полската тенисерка на Твитер соопшти дека нема никакви симптоми, но ќе го почитува протоколот и ќе биде во карантин.

Таа додаде дека редовно се тестира и ќе биде повторно тестирана за три дена. Швјонтек имаше средба со претседателот и притоа носеше маска и а ракавици, но беа премногу блиску и се ракуваа.