Шарлот го откачи Батум, негова следна дестинација ќе биде Лос Анџелес?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот кошаркар Николас Батум повеќе не е член на Шарлот хорнетс. Тој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лос Анџелес Клиперс.

Клубот од Северна Каролина, кој е во сопствеништво на легендарниот Мајкл Џордан објави дека го отпуштил францускиот кошаркар.

Батум нема да биде долго без клуб затоа што Клиперс веднаш го контактирале и ќе се засилат со неговите услуги.

Пред четири години Батум потпиша петгодишен договор со Шарлот вреден 120 милиони евра, а иако имаше одлични настапи, сепак никогаш не ги оправда очекувањата.

Во последната сезона играше најмалку, односно во просек по 20 минути и за тоа време постигнуваше по 3,6 поени по натпревар.

Сепак, се поставува прашањето колку голема минутажа ќе добие и во Клиперс, зашто таму веќе ги имаат Пол Џорџ и Кави Ленард.