„Шекил ми понуди 10.000 долари за да се степам со Коби“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ајзеа Рајдер, поранешен соиграч на Шекил О’Нил и Коби Брајант од Лос Анџелес Лејкерс откри интересна понуда која ја добил.

Шекл му понудил 10.000 долари за да се степа со Коби затоа што беше еден од ретките кои можеше да го исфрли легендарниот кошаркар од ритам.

„Кога стигнав во Лејкерс, Шек ми кажа: Ако успееш да се степаш со Коби, те чекаат 10.000 долари во соблекувална. Си помислив, ајде луѓе играјте кошарка. Мислев дека се луди. Знаев дека ќе излеетам од екипата доколку кренам рака на тој човек“, кажа Рајдер.

Рајдер имаше одлична НБА-кариера, која ја заврши со титула со Лос Анџелес Лејкерс, а играше и за Минесота, Портланд и Атланта и просечно постигнуваше по 16,7 поени по меч.