Шкендија го совлада Вардар, Гачевски почна да брка дете кое го провоцираше! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија успеа да слави во Тетово со 1-0 во реваншот од Купот на Македонија, па со вкупни 3-2 обезбеди пласман во четвртфиналето.

Агим Ибраими го постигна единствениот погодок на мечот во 73. минута од дуелот, а Вардар не успеа да одговори во нападот и да постигне погодок за израмнување.

Во финишот од мечот за малку беше спречен голем инцидент, откако детето што собира топки го провоцираше голманот на Вардар, Филип Гачевски, кој почна да го брка, по што почнаа да летаат предмети од трибините.

На останатите натпревари Работнички со 4-0 го совлада Пелистер, Силекс беше елиминиран откако одигра 1-1 во Кратово, но во првиот меч кај Шкупи беше 0-0.

Македонија Ѓорче Петров беше изненадена од Брегланица, која ја задржа предноста од 1-0 од првиот меч, додека денешниот дуел заврши реми (0-0).

Видео: Инфоспорт.мк