Шкупи по две децении стана шампион на Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкупи попладнево славеше со 2-0 против Ренова во 29. коло од македонската Прва Лига и така се избори за шампионската титула во домашниот шампионат.

Сандеј Адетунџи постигна гол во 80. минута за водство од 1-0 на Шкупи, а тоа воедно беше негов 19. погодок во првенството, додека на 10 секунди пред крајот Кевен Да Силва ја запечати победата.

Екипата од Чаир има 71 бод во моментов и е на недостижна разлика од Академија Пандев кој е втор со 58, Шкендија има 56, додека четврта е Македонија Ѓорче Петров со 53 бода.

Фото: ФК Шкупи