Шкупи поведе на „Максимир“, па Адеми ги врати во реалноста (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Игнасио Кевен по половина час игра постигна гол за водство на Шкупи од 1-0 на „Максимир“, но пред крајот на првото полувреме македонскиот репрезентативец Аријан Адеми погоди за Динамо Загреб и израмни на 1-1.

Адеми погоди во 44. минута од натпреварот и така го врати Динамо Загреб во живот, па хрватскиот шампион до крајот на мечот ќе тргне по пресврт против македонскиот првак.