Шок во Париз: Покетино сака да го напушти ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино би можел да го напушти ПСЖ по само неколку месеци минати во клубот.

Овој 49-годишен тренер не е задоволен од тоа како функционираат некои работи во Париз и сака да си замине од клубот.

Европските медиуми објавија дека Покетино веќе имал преговори со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви и постои желба за нова соработка меѓу двете страни.

Меѓутоа, ПСЖ не сака толку лесно да се откаже од Покетино, кој има уште една година од договорот и раководството нема намера да го менува.

Останува да видиме што ќе се случи во случајот на Покетино и нема дилема дека би бил голем шок доколку Аргентинецот си замине од Париз.