Шпанците ја откриваат иднината на Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот хрватски фудбалер и ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Модриќ сè уште не потпишал нов договор со клубот во кој игра 12 години, иако неговиот договор трае до крајот на сезоната.

Спортскиот медиум „Марка“ пишува дека нема дилеми за иднината на Модриќ.

„Модриќ ќе го продолжи договорот во следните денови. Ќе се потврди соработката по првиот меч со Манчестер сити во Лигата на шампиони“, пишува медиумот.

Хрватот игра за „кралевите“ од 2012 година, а од тогаш настапи на 480 меча, постигна 37 голови и 77 асистенции, а во 2018 година ја доби и „Златната топка“.