Шпанија на колена: Италија со головите на Киелини и Пеле во четвртфиналето


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Италија целосно заслужено ја совлада Шпанија со 2:0 и се пласира во четвртфиналето на ЕП во Франција.

Првата голема шанса на натпреварот Италијанците ја имаа веќе во осмата минута. Грациано Пеле добро шутираше, но Давид Де Беа ја запиша својата прва вечерашна феноменална одбрана и го спаси својот тим.

После тоа се закани Џакерини, но без промени на резултатот.

Се играше 33 минута кога Италија ја круниса својата надмоќ. Прво Едер шутираше силно од слободен удар, но неговиот удар го одбрани Де Геа.

Топката се одби до Џакеини, кој се најде на вистинското место и ја испрати топката во мрежата 1:0.

Можеше Италија до полувреме и до втор погодок, но уште еднаш спречи Де Геа, кој вечерва беше најдобар поединец на шпанската репрезентација.

Џакерини шутираше после соло продорот,  но голманот на Манчестер Јунајтед реагираше.

Шпанија во 50 минута имаше добра шанса преку Мората, но ударот го запре Буфон.

Пет минути подоцна, Италија имаше стопроцентна шанса да го реши мечот.

Едер истрчка еден на еден со Де Геа, но голманот на Црвената Фуртија по кој знае кој пат се истакна и го сочува својот тим во игра.

Шпанците тргнаа во офанзива. Адуриз се закани во 70 минута, а шест минути подоцна својот удар го прога и Иниеста, но безуспешно. Минута после тоа, Пике топовски шутираше но Буфон одлично интервенираше.

До крајот на натпреварот имаше уште многу возбудувања. Прво шутираше резервистот Исиње, а во 90 минута Шпанија имаше стопроцентна шанса за израмнување.

Пике изненадно се најде пред голот на Италија, но Буфон со фантастична реакција го спречи фудбалерот на Барселона да постигне погодок.

И кога се чинеше дека мечот ќе заврши со резултат 1:0 следеше москавична контра на Италијанците.

Дармијан уфрли топката во петерецот, а Пеле ја „заби“ топката во мрежата и така ја потврди големата победа.

Двојниот по ред шампион на Европа вечерва се прости од натпреварувањето веќе осмина финалето и така селекцијата на Шпанија доживеа неуспех и на дрото по ред големо натпреварување.

Смената на генерациите беше болна и навистина јасно се гледа дека на оваа екипа недостасува играч како Чави, Алонсо или Торес.

Од друга страна, Италија вио минатото имаше и многу звучни имиња и подобра генерација, но Аѕурите не треба никогаш да се отпишуваат.

Прв пат тоа ни го покажаа на отворањето против Белгија, втор пат вечерва, а многумина ги прежалија и пред почетокот на ЕП. Противник на Италија во четвртфиналето ќе биде веројатно најтешкиот противник. Аѕурите на мегдан со Германија, која на ова првенство сеуште не прими гол. А ние ќе уживаме бидејќи не чека спектакл.