Шпанските медиуми: Зидан по секоја цена сака во јануари да го доведе Погба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Зинедин Зидан и понатаму инсистира на тоа што побрзо да го доведе Пол Погба од Манчестер Јунајтед, пишува шпанскиот медиум Marca.

И покрај тоа што Феде Валверде е во одлична форма, тоа и понатаму не ги менува плановите на тренерот на Реал Мадрид кој и понатаму сака да го види својот сонародник во тимот, се наведува во извештајот.

Кралскиот клуб ова лето сакаше да го доведе Погба, но во тоа не успеа и покрај тоа што Французинот сакаше да го напушти Олд Трафорд.

Оваа сезона 26-годишниот везен одигра само шест натпревари за Јунајтед поради проблеми со повредите.

Сеуште се испитува неговото враќање на теренот, но неодамна се пишуваше за тоа дека Погба не сака да се врати на тренинзите и покрај тоа што го може тоа бидејќи сака во јануари да замине во Реал.

Она што е проблем за Зидан е дека управата на Реал не се сигурни дали Погба би се вклопил во тимот и покрај тоа што не ги оспоруваат неговите играчки квалитети.

И покрај тоа што се споменува цифра од 120 милиони евра за Французинот, некои во клубот сметаат дека тој не би требало да чини повеќе од 100 милиони, колку што е платен Еден Азар. Други пак мислат дека неговата годишна плата од 16 милиони евра би била проблем, но Зидан не го дели тоа мислење.

Погба има договор со Јунајтед до 2021. година, но прашање е дали е добро за клубот играч кој е незадоволен да остане во тимот.