Што дофрли Роналдо пред пеналот на Ибрахимовиќ? (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Многу внимание предизвика сцената од вчерашниот меч меѓу Милан и Јувентус во момент кога Златан Ибрахимовиќ изведе пенал за домаќините.

Ибра погоди и намали на 1-2, а потоа се сврте кон ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо и се насмеа.

Причината е тоа што пред изведување на пеналите, Роналдо се обиде да му пречи на Швеѓанецот, па му викаше на својот голман Војчек Шчесни.

„Го знаеш, го знаеш…“, кажа Роналдо.

Меѓутоа, тоа беше залудно бидејќи Ибра го пронајде патот до мрежата и на крајот Милан успеа да победи со 4-2.