Си го навреди новиот клуб, па му порачаа: Немој ни да доаѓаш на подготовки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот американски кошаркар Андре Игудала летово го напушти Голден Стејт Вориорс со кој доминираше во претходните години, па се пресели во Мемфис гризлис.

Меѓутоа, Игудала нема да одигра ниту секунда во новиот клуб, откако тие му порачаа дека не мора воопшто да се појавува на подготовките.

Игудала пред да биде трејдуван во Мемфис го навредил клубот, па тие не сакаат таков кошаркар во својата екипа и ќе се обидат да го испратат во друга екипа.

„Зборував со сопругата и знаев дека ќе заминам од Голден Стејт. Бев сигурен во тоа, откако Кевин Дурант замина во Бруклин. Зборував со неа и кажав дека ќе завршам во Мемфис или некое слично с*ање“, порачал Игудала.