Симеоне има јасна цел: Икарди во Атлетико како замена за „проблематичниот“ Диего Коста…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на мадридски Атлетико му понуди на Интер 75 милиони евра за трансфер на капитенот Мауро Икарди, пренесува Коријере дело Спорт.

Како што се наведува, „проблематичниот“ Аргентинец е желба на тренерот Диего Симеоне и проектиран е како замена исто така за „проблематичниот“ Диего Коста.

Икарди оваа сезона одигра 29 натпревари за Интер и постигна 16 погодоци.

Тој пред повеќе од еден месец остана без капитенската лента, откако неговата сопруга и менаџер Ванда Нара влезе во отворен судир со управата на „Нероаѕурите“.