Симеоне во проблеми: Важен член на тимот е позитивен на корона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младиот и талентиран фудбалер на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е позитивен на ковид-19, па ќе мора да остане во изолација во следниот период.

Португалецот имал позитивен тест и сега е во неговиот дом, а засега не чувствува никакви симптоми, што е охрабрувачка вест за „јорганџиите“.

Феликс игра одлично сезонава и постигна девет голови и пет асистенции на 25 настапи за Атлетико, а во следните две недели нема да може да настапи против Селта, Гранада и два меча против Леванте.