Симиќ избран во идеалниот тим на младинското ЕП во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија го освои сребрениот медал на младинското кошаркарско Европско првенство (ЕП), а центарот на нашата репрезентација, Теодор Симиќ доби големо признание.

Симиќ беше избран во идеалниот тим на првенството, кое го заврши со просек од 16 поени, 9,1 скокови и 2,9 асистенции.

Во идеалниот тим беа избрани и Ондреј Свец и Ондреј Хустак од Чешка, Феликс Бростом од Шведска и Олександр Кобзистји од Украина.

МВП-наградата му припадна на чешкиот кошаркар Свец.