Сите го сакаат Теодосиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Добро познато ни е дека Милош Теодосиќ на ОИ во Рио летово се покажа најдобро што можеше, освои сребро со својата Србија, па сега целата НБА јавност е луда по него.

Три новинари кои добро го следат Денвер, Тим Делиа, Адам Мареш и Гордон Грос беа прашани кој играч од ОИ го сакаат во Денвер, погледнете тие што изјавија.

„Милош Теодосиќ. Тој човек буквално ја уништи Австралија. Постигна 22 поени и пет асистенции и ја одведе Србија во финале. Ќе го паметам тоа што изигра на тој дуел со кенгурите, го сакам во мојот тим“ – беше многу јасен Тим Делиа.

„Теодосиќ, тој наместо Џамир Нелсон? Тоа е одлично. Милош е одличн за втор плејмејкер, но тој ќе сака да биде во прв план па затоа би го зел Богдановиќ место него. А кога е во прашање кој е поголем талент, тоа се знае, Милош без дилеми“ – рече Грос