„Сите ќе се плашат од Ѓоковиќ на Дејвис купот во Малага“

Поранешниот тенисер Борис Бекер кажа дека Новак Ѓоковиќ ќе биде главна ѕвезда на турнирот во Дејвис Купот во Малага.

Бекер смета дека противниците ќе се плашат од Ѓоковиќ и ќе имаат тешка задача против него.

„Многу тенисери не се среќни што Ѓоковиќ ќе игра на Дејвис купот. Тој најави дека овој трофеј му е приоритет до крај на годината, а тоа ќе ги исплаши противниците. Новак на 36 години е во одлична форма и ги воодушевува сите со настапите“, вели Бекер.

Турнирот во Дејвис Купот се игра во Малага, а четвртфиналната пресметка меѓу Србија и Велика Британија е закажана за 21 ноември.