Сите во салата збеснаа по потегот на Леброн Џејмс (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс синоќа  славеше убедливо на гостувањето кај Јута Џез. Тие одиграа одличен меч, па на крајот остварија победа од 121-96.

Одличен беше Леброн Џејмс, кој постигна 20 поени, додаде четири скокови и 12 асистенции на дуелот.

Сепак, интересен детал се случи кога токму Леброн Џејмс при креирање на еден напад едноставно престана со водење на топката.

Тој ја зема топката во раце и продолжи да шета, па сите во салата бараа чекори од искусниот кошаркар, но судијата не реагираше воопшто и ништо не досуди.