Следната сезона во Ф1 ќе се возат 25 трки! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали и претставниците на екипите решија следната сезона во Формула 1 да се возат 25 трки, наместо 23 како што беше планирано.

Идната година во календарот треба да бидат вклучени трките за Големата награда на Кина, Виетнам и Јужна Африка, но за жал нема да се вози на „Спа-Франкошамп“ во Белгија.

Доменикали кажа дека разговарал со премиерот на Виетнам за да организираат трка низ улиците на Ханој, додека втората трка во Јужна Африка треба да се вози на „Кјалами“.