Слот бара да се активира „бомба“: Ливерпул троши 85 милиони евра за напаѓач!?


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Ливерпул наводно се во предност пред бројните гиганти кои изразија интерес за потпишување на Маркус Турам – но Интер ги предупредува „Црвените“ дека нема лесно да се разделат од важната ѕвезда и се вели дека можеби ќе треба да ја платат целата цена ако сакаат да го завршат договорот.

Францускиот напаѓач Турам се приклучи на Интер како слободен играч од Борусија Монхенгладбах во летото 2023 година и многу брзо се прилагоди на тимот каде што сорабтоува со Лаутаро Мартинез во нападот. Д ѕввете езди беа клучни фактори во освојувањето на титулата во Серија А минатата сезона и веќе имаат 16 голови меѓу себе оваа сезона, а Турам води со импресивни 10 голови од 17 натпревари.

Според медиумите од Италија, тоа е Ливерпул кој сега води во трката да го обезбеди потписот на Турам, со Слот како голем обожавател на напаѓачот со 93 голови и се чини дека е решен да го додаде во својот напад.

Интер не е подготвен да го пушти 27-годишникот евтино, инсистирајќи дека премиерлигашот мора да ја исполнат огромната клаузула од 85 милиони евра.