„Со Вардар бев како НБА-ѕвезда, ми бакнуваа раце во Скопје, мајка ми плачеше од среќа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев му помогна на тимот да ја освои титулата на европски шампион во 2019 година, а во интервју за српски „Журнал“ ја отвори душата и откри што се случувало.

Милосављев кажа дека поминал прекрасно време во Вардар и има незаборавни спомени од Скопје.

„На Ф4 во Келн едвај спиев, а не можев ни да јадам. Вообичаено сум смирен, но во Келн се потев и морав да ги менувам маичките на половина час. Не знаев што да правам кога победивме, дали да одам во соблекувалната и да слава, дали да се јавам на родителите или сопругата“, открива голманот.

Чуварот на мрежата на бившиот европски првак раскажува дека дочекот во Скопје нема никогаш да го заборави.

„Пречекот во Скопје беше неверојатен, такво нешто мислам дека не доживуваат ниту ѕвездите во НБА. Ми ги бакнуваа рацете, мајка ми плачеше од среќа. Македонија е земја која живее за ракомет“, вели чуварот на мрежата на Фуксе Берлин.

Целото интрвју на Милосављев – тука.