Собата на 17-годишниот Федерер: Памела Андерсон и знаме од Македонија! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер неодамна ја заврши професионалната кариера, а на интернет се појави фотографија од неговата соба која ја имал на 17 години.

Фотографијата на интернет покажува дека во собата на Федерер има трофеи од стартот на неговата кариера, а исто така имаше постер од атрактивната Памела Андерсон, но и легендите Мајкл Џордан и Шекил О’Нил.

Интересно е тоа што освен другите додатоци, на еден од ѕидовите на неговата соба има и македонско знаме.

Федерер се збогуваше од тенисот со настап на Лејвер купот во Лондон, откако освои над 100 титули од кои 20 беа на гренслем-турнирите.