Соиграч на Мане од Сенегал: Не мислам дека ќе сака да остане во Ливерпул…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соиграчот на Садио Мане од репрезентацијата на Сенегал, Кеита Балде истакна дека мисли дека фудбалерот на Ливерпул еден ден ќе посака да си замине од клубот.

Фудбалерот на Монако со неговата последна изјава дополнително ги подгреа шпекулациите за евентуалното заминување на Мане од „Енфилд Роуд“.

„Неговото останување зависи од многу работи. Не знам која е неговата конечна одлука, но следната година или таа по неа можеби ќе сака да направи промена. Не мислам дека вечно ќе биде во Ливерпул“ –изјави Кеита Балде.