Солскер би требало да го послуша својот поранешен тренер, Фергусон знае како да го запре Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вечерва на Олд Трафорд ќе проба да дојде до победа против Барселона во првиот натпревар од 1/4 финалето од ЛШ.

Тешка задача ќе има Солскер бидејќи освен што треба да размислува за нападот, исто така треба да размислува како да го сопре Лионел Меси кој моментално делува незапирливо.

Ова ќе биде прва средба на овие два тима во ЛШ од 2011. година кога Барса го победи Јунајтед во финалето на Вембли со 3-1.

Легендарниот тренер на Јунајтед Фергусон после тој меч објасни дека сфатил како да го запре Меси, доколку добие уште една прилика да го води Јунајтед на натпревар против Барселона.

„Морате да имате два штопери кој се спремни да се фокусираат само на Меси и да не размислуваат што се случува позади нив“, напиша Фергусон во 2013. година во својата автобиографија.

„После мечот си реков себеси: „Кога следен пат би играле против Барселона во финале од ЛШ, јас би ги имал Џонс и Смолинг или Смолинг и Еванс пред Меси. Не би го пуштил повторно нас да не мачи““, објасни Фергусон.

Меси оваа сезона игра одлично и има постигнато 33 гола во Примера, а во ЛШ додаде уште шест голови во 10 натпревари.