Солскјер го испофали својот играч: Темпераментен како Верон, а знае фудбал како Сколс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека е воодушевен од новиот играч, Бруно Фернандеш.

Португалецот по првите три натпревари во дресот на „ѓаволите“, на два пати се запиша како играч на натпреварот, и покажа дека ќе биде од голема помош за Манчестер Јунајтед.

„Прекрасно се вклопи во тимот, ме потсетува малку на Верон и Сколс. Има темперамент на Верон, а многу квалитети слични на Сколси. Нашите навивачи се навикнати на играчи со таков карактер, менталитет и квалитет. Сега имаме вистинска десетка во тимот. Бруно е важен дел од тоа што сакаме да го направиме од овој тим“ –изјави Солскјер.