Солскјер има голема желба: Јунајтед ќе купи ѕвезда на Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе остане без Андер Ерера, кој очигледно ќе се пресели во ПСЖ на лето, а тренерот Оле Гунар Солскјер има идеја за тоа кој би можел да го замени шпанскиот фудбалер во редовите на клубот од „Олд Трафорд“.

Солскјер го посакува фудбалерот на Челси, Н’Голо Канте, а оваа информација ја изненади англиската јавност, поради тоа што Французинот е важен дел од лондонскиот клуб.

„Канте игра на вештачка позиција. Тој не може да настапи на своето место поради Жоржињо, па тоа ќе се обиде да го искористи Јунајтед“, вели новинар на „Мирор“.

Да потсетиме, Канте се приклучи на Челси за 32 милиони фунти, откако ја освои титулата во Премиерлигата со Лестер сити, по што се искачи на врвот и со лондонскиот клуб.