Солскјер: Јунајтед двапати ме одби за Халанд, како и за Белингам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер при гостување во една емисија откри дека неколку пати се обидел да го донесе Ерлинг Халанд во премиерлигашот.

Солскјер кажа дека „ѓаволите“ двапати му го одбиле предлогот да го купат Халанд, а исто таков одговор му дале и за Џуд Белингам.

„Две сезони го тренирав во Молде и пред да потпишам за Јунајтед го препорачав, но луѓето од клубот ме одбија. Верувам дека Халанд ќе дојдеше во Јунајтед и ќе беше одличен, но тимот ме одби и по вторпат. Исто така, Џуд беше во нашито камп, разговаравме со неговиот тим, но клубот не сакаше да му го исполни барањето за загарантирана минутажа“, кажа Солскјер.