Солскјер може да здивне, против Челси добива екстра засилување на средината на теренот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во моментов се наоѓа во Марбела, Шпанија каде ќе остане следните неколку денови пред да се врати назад во Англија каде следната недела ги очекува дерби дуелот со Челси.

Солскјер во Шпанија го поведе и Скот Мектомини кој веќе започна да тренира со тимот и се очекува да биде подготвен да се спротивстави на Челси.

Мектомини беше еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед се додека не се повреди во декември, па мораше да пропушти многу натпревари на својот тим.

Со доаѓањето на Бруно Фернандеш и враќањето на Скот Мектомини, средината на Манчестер Јунајтед ќе изгледа многу подобра следниот период. До крајот на овој месец во тимот ќе се врати и Пол Погба за кого никој не знае со колкава посветеност ќе го носи дресот на „ѓаволите“ со оглед на фактот што притиска за заминување веќе подолг период.